За SUBARU

Корените на SUBARU започнуваат во далечната 1917 година, кога е основана компанијата Nakajima Aircraft Company од страна на Nakajima Chikuhei, со основна дејност производство на авиони и делови за авиони. Понатамошното развивање во различни индустрии и ребрендирањето во Fuji Sangyo Company – една од најголемите и најпознати во светот, не ги сопре технолошките истражувања кои потекнуваат уште од најраните денови на постоење.
Во SUBARU се гордеат со големиот спектар на нивните иновативни технологии. Но овие иновации не се од оние кои со себе носат компликации, затоа што филозофијата на инжинерските тимови во SUBARU секогаш имаат една цел: со нивните возила да овозможат врвно возачко задоволство во сите услови, според желбите и потребите на возачите.




SUBARU филозофија

Во SUBARU се залагаат за производство на автомобили во кои ќе биде инкорпорирана идеалната комбинација од возачко задоволство и спокојство во возењето во било какви возачки услови. За да се реализира ова, одбран е веќе докажан пат – систем со погон на сите тркала и комплетна симетрија.
Зошто симетрија? Затоа што погонот на сите тркала, заедно со нискиот центар на гравитација на SUBARU боксер моторите, создава врвен баланс во возењето и позитивно обединување на возачот и возилото. Тоа ги прави возилата на SUBARU уникатни на пазарот, а посветеноста на вработените во погоните на SUBARU кои се наоѓаат исклучиво во Јапонија, ја етаблираат оваа фирма како производител на автомобили од премиум класата кои се достапни за секој купувач.

Новости

SUBARU во Македонија

Од средината на 2010 година единствен и официјален Дистрибутер и овласатен Сервисер на марката SUBARU на територијата на Република Македонија е фирмата ТОЛТУ Моторс ДОО од Скопје.
Сервисниот центар на SUBARU функционира во склоп на веќе познатиот сервис ТОЛТУ каде што сегашните и идните сопственици на возилата од оваа реномирана марка можат да ги направат и да ги добијат сите сервисни услуги во гарантен и надвор од гарантниот период.